Introduction » ФОТОГРАФИИ на платно
Портрети на Хари Потер
Портрети на Хари Потер
Фото на платно
Портрет на животно
Портрет на животно
Портрет на животно
фотографија на платно POP Art / Dan Johannson
фотографија на платно POP Art / Dan Johannson
Персонализирани подароци за мажи
Претворете ги своите фотографии, илустрации и графики во слики на платно. Печатенитефотографии на платно можете лесно да ги закачите како ѕидни декорации и со тоа да го украсите Вашиот дом. Ќе Ви изработиме фотографија на платно со висок квалитет на 100% памучно платно кое е поставено на дрвена рамка. Платното е отпорно на УВ зраци, потполно еколошко, без непријатни мириси.
Ѕидните слики се изработуваат во различни димензии, во форма на квадрат, правоаголник или панорамски облик. Можност за изработка во ЦРНО-БЕЛ или SEPIA стил.
ФОТОГРАФИИ НА ПЛАТНО ВО СИТЕ ДИМЕНЗИИ И ФОРМАТИ, КАКО 3-ДЕЛНИ И 5-ДЕЛНИ, ПО ЦЕНА КАКО ЗА 1-ДЕЛНА СЛИКА НА ПЛАТНО! ДОКОЛКУ ДИМЕНЗИИТЕ НЕ ВИ ОДГОВАРААТ, ПИШЕТЕ НИ КАКВИ БИ ВИ ОДГОВАРАЛЕ!
Условите за изработка бараат да фотографиите на платно (Ве молиме подоле да ги пронајдете инструкциите за односот помеѓу димензиите и бројот на пиксели во скиката), ги исполнуваат условите за пикселажа.
* Во случај да сакате да додадете повеќе фотографии, додадете ги во .zip /.rar формат.
Минимална резолуција по пиксел:
20 x 20 cm - 600 x 600 pix.
30 x 30 cm - 900 x 900 pix.
40 x 40 cm - 1200 x 1200 pix.
50 x 50 cm - 1400 x 1400 pix.
60 x 60 cm - 1700 x 1700 pix.
70 x 70 cm - 2000 x 2000 pix.
80 x 80 cm - 2300 x 2300 pix.
90 x 90 cm - 2600 x 2600 pix.
100 x 100 cm - 2900 x 2900 pix.
30 x 20 cm - 900 x 600 pix.
40 x 30 cm - 1200 x 900 pix.
50 x 40 cm - 1400 x 1200 pix.
60 x 40 cm - 1700 x 1100 pix.
70 x 50 cm - 2150 x 1400 pix.
80 x 60 cm - 2300 x 1700 pix.
90 x 60 cm - 2600 x 1700 pix.
100 x 70 cm - 3000 x 2050 pix.
120 x 80 cm - 3600 x 2300 pix.
150 x 100 cm - 3900 x 3000 pix.
50 x 20 cm - 1400 x 600 pix.
80 x 30 cm - 2300 x 900 pix.
100 x 40 cm - 3000 x 1200 pix.
120 x 50 cm - 3600 x 1400 pix.
150 x 60 cm - 3900 x 1700 pix.
Примаме фотографии во формат JPG, JPEG, PSD, PNG, BMP и други слични формати. Фајловите со големина над 5 MB испратете ги преку e-mail на info@@slikomania.mk. Максималните димензии зависат од форматот на фотографијата. Максималната ширина на платното е 150cm.
ВНИМАНИЕ: При поставувањето на сликите на рамка потребно е 25 mm платно од секоја страна, до работ, поради прицврстување на платното на рамката. Доколку на рабовите се наоѓаат важни детали во наведените 12 mm од секоја страна, можеме да ја преуредиме Вашата фотографија, така да има широка бела рамка од 25 mm, за да тие детали би биле видливи.
Упатствата ќе бидат илустрирани на оперативрен систем Windows 7 (слично може да се примени и кај други оперативни системи)
Начини:
A) Ако само накратко ја ставите стрелката над Вашата фотографија (сл. 1.1.) ќе Ви се покаже инфо- прозорец со информации за големината - Dimensions (сл. 1.2.).
B) Кликнете со десен клик на иконата на фотографијата и одберете ја опцијата Properties (сл. 2.1.). Потоа во горниот дел одберете го делот Details и ќе ги видите сите својства на Вашата датотека, a со тоа и димензиите - Dimensions
(сл. 2.2.).
Овие димензии споредете ги со горенаведените. Доколку имате нешто нејасно, слободно контактирајте не.
Како да се постапи при печатење на Ваши фотографии на платно?
Принтањето на сликите според Вашите желби е процес за кој одговорно се грижат вработените во графичкиот сектор. После примањето на Вашата нарачка, внимателно ја разгледуваме Вашата фотографија, за која е потребна резолуција од 3Mpx, како сликата на платно би изгледала што подобро.
После деталниот преглед на фотографијата и проверка на квалитетот, ќе Ве контактираме со преглед на сликата за печатење. После Вашата потврда ( ако сте задоволни од прегледот на сликата ) фотографијата ја испраќаме на принтање. Затоа што се работи за специјална, персонализирана нарачка, после Вашата потврда не е возможно да се прават измени.
Во случај да не сте задоволни од сликата, рекламациите се можни само доколку се утврди дека на сликата се направени грешки во текот на изработката. Рекламации во случај на неправилности или грешки кои се веќе наоѓале на самата фотогарфија која Вие сте ни ја испратиле, за жал, нема да ги прифатиме.
Детални информации за минималната резолуција во пискели и детални услови за квалитетот и форматот на фотографијата можете да пронајдете во нашите општи услови на работење.
Не очајувајте! Само за Вас ја имаме можноста да си изберете мотив - фотографија од фотобанката Canstockphoto (CSP), која содржи над 5 милиони фотографии. Навистина е доволно :)
Однапред ве известуваме дека не сме сопственици ни администратори на оваа web страница, така да не влијаеме на понудата за избирање на јазик на истата.
Кликнете на овој линк, кои ќе ви отвори нов прозор со страницата на CSP (но немојте да заборавите да се вратите и да ги прочитате упатствата до крај).
За да Ви објасниме што појасно, ќе ви претставиме преку пример во слики:
1) Избор на јазик и пребарување на термини
1.1. Се наоѓате на web адресата CSP
1.2. Понудена е опција да во дополнително мени изберете јазик, но за жал македонски јазик не е понуден, така што во понатамошните упатства ќе ви покажуваме со коритење на англиски јазик (така да изберете English)
1.3. На средниот дел на мониторот се наоѓа полето за пребарување. Напишете го бараниот термин на одбраниот јазик (доколку не го знаете саканиот термин на англиски, ви советуваме користење на GoogleПреведувач)
1.4. Доколку сепак не сте сигурни што би барале, на долниот дел од мониторот имате понудени категории за прелистување. Сепак, ви препорачуваме пребарување по Ваш термин.
2) Напредно пребарување
Ние како сакан термин одбравме tulip (лале)
2.1. Име на терминот кој го барете
2.2. Тип на датотека. Доколку не барате датотека во вид на илустрација, препорачуваме да изберете Photos
2.3. Тип на ориентација. Можете да ја изберете ориентацијата на саканата слика, било да се работи за облик на квадрат или правоаголник, (исправена(Vertical) или хоризонтална(Horizontal) ориентација)
2.4. Потенцијален мотив од пребарувањето кој Ви се допаѓа.
2.5. Доколку помеѓу прикажаните не Ви се допаѓа ни еден мотив, можете да го продолжите пребарувањето со отварање на нова страница, со клик на Next.
3.1. Избраната фотографија. Исто така, можете полесно да ги погледнете деталите.
3.2. Слични фотографии
3.3. Photo ID, идентификација на фотографијата, која нам ни е потребна за избраната слика. Тоа Ви е потребно при нарачката.
3.4. Немојте да ја превземате или купувате фотографијата! Ние ќе го направиме тоа за Вас!
4) Нарачка
По изборот на фотографијата која сакате да Ви биде испечатена на платно, ќе бараме од Вас да во полето ""Коментар на нарачката"" го напишете кодот за идентификација (Photo ID) на фотографијата која сте ја пронашле на страната на CSP.
Саканата фотографија ќе ја имате бесплатно доколку нарачате фотографија со димензии од 120x80cm и поголема, а во спортивно сликата ќе ви биде пресметана (приближно 3€ - во зависно од големината на сликата). За цената ќе Ве известиме однапред, а во блиска иднина ќе направиме и стандарден ценовник.